Тодоровиќ ќе инвестира во хотел во Белград?

Од:

Владимир Тодоровиќ, градоначалник на општина Центар и македонски стопанственик со српско потекло, планира да отвори хотел во центарот на Белград, пишува српски Б92.

Според тамошната канцеларија за дијаспора, Тодоровиќ му ја презентирал својата идеја на заменикот-директор на канцеларијата Александар Влајковиќ, кој во Македонија престојувал по повод прославата на Свети Сава.

При посетата Влајковиќ  имал средба со Тодоровиќ и со премиерот Никола Груевски.

Тодоровиќ истакнал дека има намера да разговара со сопствениците на една голема деловна зграда на улицата „Кнез Михајлова“. Доколку не „падне“ договор со нив, тој рекол дека ќе се распраша за купување плац во Белград каде што би го реализирал својот проект.

И премиерот Груевски изразил надеж дека српската држава ќе ја поддржи оваа македонска инвестиција.

Александар Влајковиќ ја пренел подготвеноста на Канцеларијата за дијаспора да помогне намерата на инвеститорот што побрзо да се реализира, пишува Б92.

v-todorovic-b92

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан