Тодоров: Успешен старт на проектот што комплетно ќе ја смени состојбата во центрите за дијализа

Од:

Изградба на нови простории за дијализа и целосна реконструкција на постојните, обезбедување современа апаратура согласно сите стандарди и набавка на нови, наместо досегашните нефункционални столови, се само некои од обврските на концесионерите кои идната недела и официјално ќе ги добијат лиценците за работа во овој сегмент од здравството.

Како што соопшти денеска ресорниот министер Никола Тодоров, проектот стартува успешно, а е повеќе од неопходен зашто треба да овозможи надминување на сегашната, катастрофална состојба во центрите за дијализа.

– Долго време, повеќе од десетина години, здравстевните власти добиваа сериозни критики бидејќи условите за дијализа во Македонија беа исклучително лоши. Многу од апаратите се стари, со над 25.000 часови, некои и со 30.000 до 40.000, голем е и процентот на пациентите со хепатит Ц, преку 80 отсто, посебно во Штип, Велес и Кочани, што дополнително ја усложнува состојбата, рече Тодоров на прес-конференција.

Министерот по влезот на концесионерите очекува многу поквалитетна услуга за регистрираните 1.400 пациенти кои одат и до три пати неделно на дијализа во вкупно 19-те центри низ државата.

На конкурсот објавен во мај годинава со кој беа опфатени 4 региони, од вкупно петте апликанти, најдобри понуди доставија Орка Холдинг АД Скопје и Метрополитен ДООЕЛ Скопје. По потпишувањето на договорите, согласно пропишаните критериуми, тие, меѓу другото, се должни да обезбедат и транспорт за болните во секој реон со најмалку една станица во секоја општина што досега не беше случај, како и да понудат соодветни услови за вработување кадар од јавните здравствени установи со личен доход еднаков на последната плата.

Орка Холдинг доби лиценци за вториот реон (Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Кичево, додека Метрополитен ДООЕЛ Скопје за третиот (Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци, Струга и Охрид).

Би можело да ве интересира

Министерот Клековски: Нездравата исхрана и неактивноста се коренот на проблемот, потребни се радикални превентивни мерки

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски