Тодоров: Стимулативни мерки за вработување млади до 29 години

Од:

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Третата изборна единица Никола Тодоров за време на денешната посета на текстилните фабрики „Витекс“ и „Палтекс“ во Делчево ги промовираше стимулативните мерки за вработување млади работници до 29-годишна возраст.

Со мерката, која е една од 2.046-те проекти предвидено во партиската програма, им овозможува на работодавачите доколку вработат лице кое што е помладо од 29 години државата да им ги покрие сите трошоци по основ на придонеси за пензиско, инвалидско и здравствено осигурување во период од 12 месеци во износ од 27 проценти. Исто така, се ослободени и од плаќање персонален данок на доход од 10 проценти во истиот тој период од 12 месеци за што веќе е донесено и законското решение. Единствена обврска на работодавачот е потоа во наредните 12 месеци да го задржи вработениот, односно работникот.

По обиколката на производствените хали сопствениците во разговорот со Тодоров ги изложија своите планови за проширување на обемот на производството, кое во најголемиот дел е наменето за извоз во Германија и во другите земји на ЕУ.

– Детално ги запознав сопствениците на овие и на други стопански субјекти во Делчево со можностите за користење кредити под поволни услови со што Владата ќе ги стимулира нивните инвестиции во проширување на капацитетите и создавање услови за отворање нови работни места, како и за субвенциите за млади стручни кадри, рече Тодоров.

Тој посочи дека ова е политика со која што сакаат да го стимулират вработувањето на млади во Република Македонија заради практично решавање на проблемот со нивната невработеност.

– Очекуваме дека оваа можност ќе биде искористена од поголем број компании и во зоните и компаниите коишто отвораат нови производствени капацитети во Македонија и во ТИРЗ-овите, но и во другите индустриски или економски зони низ државата и на тој начин ќе се намали дополнително невработеноста кај младите, рече Тодоров.

Тој заедно со кандидатите за пратеници Владимир Ѓорчев и Милка Христова имаше средба со делчевските пензионери при што стана збор за повеќе проекти од изборната програма „Проверено“. Посебен интерес од пензионерите беше пројавен за бесплатните викенди и за бесплатниот превоз во автобускиот и железничкиот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот