Тодоров продолжува со посетите на медицинските установи, на ред е Велешката

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров во наредните пет дена планира одблиску да ги анализира состојбите во Велешката болница.

Целта, како што најави на денешната прес-конференција, е иста како и при посетите на здравствените центри во Штип, Битола и во Тетово, односно да види дали може да се примени моделот на Јапонски менаџмент.

– Очекувам овој прокет да продолжи да дава позитивни резултати во работењето имајќи во предвид дека на овој начин правиме и трансфер на знаење, особено на стручно знаење со тоа што ангажираме искусни професори да дојдат да даваат здравствени услуги за време на посетите. На тој начин го подигнуваме нивото на квалитет на здравствентие услуги кои се даваат во здравствените установи кои ги посетуваме, рече Тодоров.

Би можело да ве интересира

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години