Тодоров: Подготвени сме за помош на повредените во сообраќајката кај Ѓер

Од:

Министерството за здравство е подготвено да даде логистичка поддршка за повредените во автобуската несреќа кај Ѓер, најави денеска министерот за здравство Никола Тодоров. Повредени се 28 лица, од кои 21 се македонски државјани.
– Повредените Македонци се сместен

и во една од најсовремените болници во која има ургентен центар и центар за траума. Подготвени сме да испратиме амбулатни возила и медицински екипи за транспорт на повредените, изјави Тодоров, нагласувајќи дека досега се побарани само две медицински возила.

Тој додаде дека Министерството за здравство е подготвено да обезбеди превоз и за полесно повредените патници од сообраќајната несреќа доколку е потребно.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем