Тодоров: Основањето Центар за трансплантација во собраниска процедура

Од:

Основањето Центар за трансплантација на органи во Македонија е во собраниска процедура, изјави министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска на посети ЈЗУ Општа болница во Велес.

Со тој закон, посочи министерот, се предвидува да се основа Центар за трансплантација на органи и тела, а со кој очекуваме сериозно да се подигне нивото на трансплантација во Македонија со основање на посебна Универзитетска клиника.

– Оваа клиника ќе биде наменски основана за трансплантација и за сложени хирушки интервенции и очекуваме таму да има многу повисоко ниво на организација пред се за сериозна научно – истражувачка работа. Воедно и да се отпочне со трансплантациите кои досега не се работеле во Македонија, во прв ред со трансплантации на црн дроб, а потоа и трансплантации на други органи, рече Тодоров.

Одговорајќи на новинарско прашање за реализација на проектот „Рурален доктор“, министерот Тодоров потенцира дека тој се реализира во насока на подобрување на јавното здравје на населението и е многу задоволен од неговата реализација на терен.

Би можело да ве интересира

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години