Тодоров: Обид да се фалсификува победата на ВМРО ДПМНЕ

Од:

Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ на денешната прес конференција уште еднаш повтори дека одлуката на ДИК за графолошко вештачење на потпис на гласачката Фатиме Сулејмани врз основа на еден од приговорите на Бeса е незаконска и е со цел да се фалсификува победата на неговата партија, при што во затвор ќе завршат невини луѓе со цел да се задоволи амбицијата на СДСМ.

Според него, се работи за изборен инженеринг за кој и претходно предупредувале.

– Со одлуката да се врши графолошко вештачење, ДИК изрази сомнеж дека членовите на избирачкиот одбор дале лажни изјави дека граѓанката се појавила по втор пат на гласање. Јавноста вчера виде дека присутните членови на избирачкиот одбор и по идентификација, и по лична карта и по проверка со УВ ламба утврдиле дека граѓанката веќе еднаш гласала и има траги од спреј на прстот. Сега ДИК го оспорува нивниот исказ и заради нарушување на изборниот процес ги праќа во затвор Берат Усеини, Катерина Миноска, Емсија Абас, Богица Василеска, Тања Ѓурчиноска, Златко Ѓорѓески и Ајсел Мемеди, кои што се членови на избирачкиот одбор, заменици членови и набљудувачи.
Јавноста треба да знае дека Фатиме Сулејмани, не пријавила ниту дека ја изгубила личната карта ниту дека некој и ја украл, а таа лична карта е заведена во избирачкиот список и многу е веројатно согласно исказите на сите членови на избирачкиот одбор јавно кажани вчера дека таа лична карта е искористена за гласање. Ова е изборниот инженеринг за кој што предупредувавме како ВМРО-ДПМНЕ. Ова е сценариото на постизборен инженеринг што треба да биде реализиран по нечија наредба – рече Тодоров.

Тој им порача на членовите на ДИК да размислат дали се подготвени во затвор да испратат 7 невини луѓе и дали сфаќаат што ќе им направат на нивните семејства. Во однос на тоа дали со протестот пред ДИК се врши притисок врз комисијата, Тодоров негираше дека тоа е целта, туку дека било важно ДИК да работи согласно законите. Тој посочи и дека не знае дали пред ДИК, биле собрани нивни поддржувачи, иако функционери на ВМРО ДПМНЕ држеа говори и дека се работело за незадоволни граѓани од работата на ДИК.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања