Тодоров: Новиот Клинички е најголемиот проект во историјата на македонското здравство

Од:

Изборот на фирма што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје е во период на „стенд стил“, комисијата ја води постапката во согласнот со прецедурите и за секој чекор и одлука добива одобрение од стручен тим на банката за развој при Советот на Европа, изјави министерот за здравство Никола Тодоров.

– Постапката за избор на фирма е во период на „стенд стил“, што значи дека сите незадоволни фирми можат да достават жалба. Таа ќе биде разгледана и од комисијата и од банката. За секој чекор на комисијата, банката дава согласност. Сепак, станува збор за банка на Советот на Европа и не верувам дека можат да направат таков превид и да дозволат фирма што има негативен бонитет да биде избрана за изведувач, изјави Тодоров на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Нагласи дека станува збор за конзорциум од повеќе фирми, меѓу кои и двете најголеми македонски градежни компании „Бетон“ и „Гранит“.

– Да почекаме да се заврши целата процедура и да видиме што ќе донесе целата постапка. Експерти од банката се вклучени и таа дава одобрение на секој чекор и можноста за грешка тука е ставена на минимум. Сепак, ова е најголемиот проект во историјата на македонското здравство и нема да дозволиме да бидат прекршени процедурите, изјави Тодоров.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните