(ВИДЕО) Тодоров: Невремето беше феномен кој се случува еднаш на 10 века

Од:

Дождот и невремето кое го зафатија Скопје и околината во минатата сабота за министерот за здравство и заменик претседател на владата, Никола Тодоров е редок феномен против кој нема спас.

-Тоа беше природен феномен кој се случува еднаш на 10 века и не можеше да се спречи. И најјаките земји се немоќни пред природните феномени, рече Тодоров.

Дали можело поефикасно да се справи државата? Армијата и државата направија и прават се што може да се направи. Знам многу лични примери и ја гледам нескршливата волја на моите сопратијци, градоначалници, директори на институции, рече тој и посочи дека државата е пример како се справува со вакви непогоди.

-Секој кој се фати за лопата е херој на ова време, многу е јасна разликата меѓу оние кои сакат да прават политика и оние кои сакат да помогнат. Не е време за дискусии, сега е време за работа и ајде со лопата во рака, повика Тодоров.

Сакам објективно да кажам дека на терен видов луѓе од СДСМ, ДПА, ДУИ, Социјалистичка партија и благодарност до сите вас кои сте помогнале и сте направиле добро дело. Ние ќе бидеме на терен до последната улица, се што е уништено ќе биде повторно создадено, рече Тодоров.

Според него, досега се попишани над 600 моторни возила кои се уништени во поплавите, над 40 домаќинства, а активноста продолжува и во слдниот период.

-Но ќе бидат потребни неколку недели можеби и месеци, рече Тодоров.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он