Тодоров на средба со директорот на Регионалната канцеларија на СЗО

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска во градот Чешме, Турција ќе се сретне со директорот на Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација, Сузана Јакаб.

На средбата ќе биде потпишан заедничкиот Двегодишен договор за соработка меѓу Министерството за здравство и СЗО-Регионална канцеларија за Европа за периодот 2014-2015 година. Договорот се фокусира на техничката поддршка за имплементација на новиот Оперативен план во здравството до 2020 година, како и во областа на незаразните болести.

Министерот Тодоров утре во Чешме ќе се обрати на 63-та годишна сесија на Регионалниот комитет на СЗО за Европа.

На седницата на комитетот ќе учестуваат над 300 претставници  од 53 земји-членки на СЗО во европскиот регион меѓу кои и министри за здравство.

Годишната седница е организирана од Владата на Турција како земја домаќин, а на Регионалниот комитет, меѓу другото, ќе се разговара за стратегии и акциски планови за решавање проблеми од јавното здравство на национално и на регионално ниво.

Меѓу темите на агендата  се: Здравје 2020 – негова имплементација и рамка за мониторинг, како и доставување на извештајот за социјалните детерминанти на здравјето и здравствените разлики меѓу земјите во европскиот регион на СЗО; Европски акциски план за ментално здравје за 2014-2020; Забрзан акциски план за елиминација на мали сипаници и рубеола; Реформа на СЗО; и Регионална рамка за надзор и контрола на инвазивни вектори (комарци) и за вектор преносливи болести кои повторно се појавуваат.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем