Тодоров: Кратењето на пензиите и платите е карактеристика на СДСМ

Од:

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров, коментирајќи ја изјавата на поранешниот министер за финансии од СДСМ, Никола Поповски во врска со можни намалувања на платите и пензиите, рече дека тоа е карактеристика на владеењето на СДСМ.

– Во нивната историја тие имаат многупати докажано дека она што го знаат е да намалат пензии и плати и да избркаат луѓе од работа. Затоа и објавивме дека нема да дозволиме аболицираниот Заев, ниту СДСМ да формира Влада. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе формира Влада особено затоа што ние не планираме кратење ниту на пензии, ниту на платите, ниту бркање од работа како тоа што го најави СДСМ, рече Тодоров.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ ја формира Владата, како што најави предвидува зголемување и на пензиите и на платите за 10,25 посто.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ