Тодоров: Ќе се изградат нови и комплетно ќе се рехабилитираат многу автопати

Од:

Рехабилитацијата на автопатската делница Куманово-Миладиновци ќе заврши до 2017 година. На овој потег се рехабилитираат двете коловозни ленти во должина од 22,5 и 22,3 километри.

Ова денеска го најави носителот на листата од втората изборна едница од Коалцијата „За подобра Македонија“, Никола Тодоров кој заедно со кандидатите за пратеници, беше на автопатската делница Куманово-Миладиновци.

Тој презентираше и дел од проектите опфатени во програмата „Реално“ кои се однесуваат на изградба и рехабилитација на автопатите во Македонија.

– Покрај, комплетната изградба на нови автопатишта од Скопје до Блаце, од Требеништа до Струга и од Кичево до Гостивар, ќе извршиме комплетна рехабилитација на автопатот од Куманово-Миладиновце и Миладиновце – Куманово и левата и десната коловозна лента 22,5 и 22,3 километри во вредност од 10,6 милиони евра, рече Тодоров.

Најави дека ќе биде извршена и рехабилитација на патот од Неготино до Демир Капија, двете коловозни ленти и левата и десната, во вредност од околу пет милиони евра.

– И Куманово-Миладиновце и Неготино-Демир Капија ќе бидат готовои со рехабилитација до крајот на 2017-та година. Исто така, се планира и рехабилитација на дел од автопатот од Велес до Градско, само средната коловозна лента, потенцира Тодоров.

Додаде дека со тоа ќе се изградат нови и комплетно ќе се рехабилитираат многу фрекфентни автопатишта, со кои, нагласи, сериозно ќе се подобри патната инфраструктура во Македонија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус