Тодоров ја претстави програмата на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Куманово

Од:

Со новата програма на ВМРО- ДПМНЕ, „Реално“ предвидуваме изградба на 240 километри секундарна гасоводна мрежа во градот Скопје, инвестиција вредна 100 милиони евра, изјави на денешната прес-конференција во Куманово, носителот на изборната листа во Втората изборна единица од Коалицијата „За подобра Македонија“, Никола Тодоров.

Со програмата, рече Тодоров, се предвидува и ослободување од акциза и царина за набавка на електрични возила, за што, додаде ќе има дополнителни бенефиции, како што се намалување на ДДВ-то од 18 на 5 проценти, но и директна државна субвенција од 3,5 илјади евра за возила до 25.000 евра и пет илјади евра субвенција за возила кои што чинат над 25.000 евра.

– Исто така се предвидува, доколку некој се одлучи за набавка на електрично возило да биде ослободен десет години од плаќање патарина, да биде ослободен од регистрација во наредните десет години и да биде ослободен од плаќање за паркинг на сите државни паркиралишта, изјави Тодоров.

Овие две мерки, додаде тој, се мерки во рамки на заштита на животната средина во градот Скопје, а исто така и третата мерка предвидува набавка на електрични автобуси од страна на градот Скопје, во вредност од 25 милиони евра, 30 минибуси и 20 двојни автобуси, сериозно ќе придонесат, рече Тодоров, за намалување на загаденоста во градот Скопје.

Мерката за целосна гасификација на градот Скопје и мерката за набавка на електрични возила и на електрични автобуси, додаде, директно ќе влијаат врз намалување на загаденоста, имајќи предвид дека најголема причина за загаденоста во Скопје е како што рече, загревањето, затоплувањето на домовите, а потоа и сообраќајот во градот Скопје.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски