Тодоров: Изградба на водовод и на пат од Куманово до Пчиња

Од:

Носителот на изборната листа од втората изборна единица од Коалицијата „За подобра Македонија“ Никола Тодоров и кандидатите за пратеници од оваа изборна листа, синоќа одржаа мини митинг во кумановското село Пчиња, од каде порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе победат на изборите на 11 декември со 63 пратеници.

Во излагањето пред жителите на Пчиња, Тодоров ги праша жителите на кој Зоран Заев треба да му се верува, на оној кој што пред албанската емиграција во Швајцарија зборувал за федерализација, за кантонизација, за проширување на Рамковниот договор, за двојазичност на целата територија, или на оној  Заев кој во Македонија зборува дека нема федерализација, кантонизација, проширување на Рамковниот договор, дека нема двојазичност на целата териротија Додаде дека нив ги интересира суверена, независна самостојна, унитарна Р.Македонија.

Тодоров рече дека тие ветуваат и работат согласно реалната програма, која, како што рече, за разлика од другата политичка опција, како гаранција го има отчетот. Тодоров потенцира дека е намалена невработеноста од 38,8 на 24 проценти, отворени се над 160.000 нови работни места, направени се нови патишта, инвестиции во здравство, образование, изградени се нови градинки, воведени се бесплатни учебници, намалена е партиципацијата.

Тој на жителите од Пчиња им ги презентираше проектите опфатени во програмата „Реално“ кои се однесуваат на ова населено место, изградба на водовод и на пат од Куманово до Пчиња во вредност од околу 60-тина милиони денари. Тој побара поддршка од жителите на Пчиња, како што рече,како и секогаш од ова место,да се соберат и да прослават десетта по ред голема победа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“

Пред жителите на Пчиња се обратија и кандидатите за пратеници.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски