Тодоров: Докторите кои штрајкуваат да се потсетат на Хипократовата заклетва

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ги повика докторите кои од различни причини учествуваат во штрајкот да се потсетат на Хипократовата заклетва.

„Група доктори престана да ги оперира пациентите кои се болни од рак. Како резултат на ова се преоптоварија докторите кои совесно ја вршат нивната дејност и почнуваат да се креираат листи на чекање за операција на пациенти болни од рак. Ова е целосно спротивно на Хипократовата заклетва, спротивно на етиката, на хуманоста и човечноста“, рече Тодоров.

Изминатиот период, посочи тој, сведоци сме на едно креирано незадоволство на здравствените работници со цел постигнување на посакувана политичка цел.

Овој пат, нагласи тој, болната политичка извитопереност на креаторите на манипулацијата била мотивирана од потребата да се покаже масовност на штрајкот што утре планираат да го финансираат и организираат пред Владата.

„Реформите го движат системот напред. Токму тоа претставува системот за плаќање по успешност. СДСМ не направи ваква реформа. За мене е јасно зошто не направиле. Реформите се по дефиниција болни, ги загрозуваат дотогашните односи, функционирање, комодитет, со цел да постават нови кои ќе бидат поефикасни, понапредни. Видоа дека не им проаѓа така лесно сценариото со лажење и манипулација да креираат незадоволство, немаат масовност и не можат да ја реализираат замислата на партискиот шеф да извадат на улица стотици доктори“, посочи Тодоров.

Тоа е систем кој не дозволува докторот чија врата се заклучува во 12 часот да добие иста плата со докторот кој е целосно посветен на своите пациенти и чија врата е отворена постојано за пациентите.

„Проектот плаќање по успешност треба да ги наградува тие што се коректни и професионални кон пациентите, а да ги казнува тие што не се. Ако ме прашате дали сметам дека овој систем е совршен или идеален одговорот е не. Тоа е така зашто не постои идеален здравствен систем, бидејќи здравството е предмет на постојана дебата во секоја земја“, истакна Тодоров.

Според него, штрајкот на лекарите бил подготвуван и организиран со постојано повторување невистини за моделот, во правец на тоа дека докторите ќе земаат 80 отсто од платата.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти