Тодоров: Демократско право на НВО е да бараат оценка на законот за абортус од Уставен суд

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров денеска изјави дека демократско право на невладините организации е тие да поднесат барање за уставна оценка на Предлог-законот за прекинување бременост, кој денеска беше донесен од страна на Собранието.

Невладините организации, кои дененеска протестираа пред Собранието најавија дека за законот ќе поднесат претставка до претседателот Ѓорге Иванов, како и барање за оценка на уставноста.

– Ги почитувам невладините организации во борбата за нивните ставови. Тоа е нивно врвно демократско право. И како човек и како правник не можам да се спротиставам ниту сакам да помислам дека некој треба да се спротистави да се поднесе барање до Уставниот суд за тој да одлучува дали определен закон е уставен или не, изјави Тодоров.

Тој денеска уште еднаш во изјава за медиумите ги образложи амандманите на Предлог-законот. Меѓудругото истакна дека новина е што од денот на советувањето до моментот на закажувањето на абортусот треба да поминат три дена. Посочи дека новиот и претходниот закон имаат исти одредби за абортирање повеќе од еднаш.

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Индискиот Врховен суд: Сите жени имаат право на абортус

А1он

Абортусот забранет во уште три американски држави

Горан Наумовски