Тодоров: Бизнис или политички интереси ги блокираат преговорите

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров, бара искрен пристап на синдикатите за да се дојде до решение за најавениот штрајк на лекарите. Вели, оваа фела исклучително ја почитува, никогаш не  сакал да ја навредува или омаловажува.

„Затоа и пристапивме во сериозни разговори. Но, искрено сум разочаран, што не дојдовме до решение. Со еден искрен пристап, кој вчера го забележав кај претставниците на синдикатите ќе можеме да дојдеме до решение, изјави денеска  Тодоров.

Според министерот, има структури на кои овој начин на функционирање во здравството не им одговара и сакаат по секоја цена да искористат определено незадоволство и на некој начин да ги минираат преговорите и да издејствуваат неповолен исход.

„Првата цел е политичка, таа е легитимна и не би сакал да ја коментирам. Но, втората е бизнис цел и таа е многу опасна. Додека ние денес разговараме, во Министерството е во тек тендер за набавка на инсулини. Само во еден дел од тој тендер, во делот за набавка на апаратчиња за мерење шеќер во крвта имаме заштеда од 1,5 милион евра, односно 90 милиони денари. Би рекол тоа се 90 милиони причини за некој да се обиде да ги минира преговорите. Не велам дека овие структури го иницираат штрајкот и го иницираат незадоволството. Тоа евидентно постои и јас тоа го почитувам и затоа во целиот изминат период пристапив сериозно за преговори со лекарите“, рече Тодоров.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем