„ТНТ“ засега продолжува, поротничката останува

Од:

Поротничката Лилјана Ивановска-Кочковска ќе биде дел од судечкиот совет и на следното рочиште за случајот „ТНТ“, кое е закажано за 17 јануари. За нејзиниот мандат, Судскиот совет ќе се одлучува десет денови по рочиштето, односно крајот на јануари. Ова доаѓа откако на две седници по ред, точката за нејзино разрешување не стигна да биде дискутирана, по што, ќе биде донесена одлука.

Со неразрешување на поротничката Ивановска-Кочковска, судењето за „ТНТ“ продолжува со доказната постапка и не се враќа од почеток.

Адвокатите на обвинетите сметаат дека доколку Ивановска-Кочковска и натаму е дел од судечкиот совет, тогаш се прави суштествена повреда на постапката. Судијата Огнен Ставров е на ставот дека доколку не добие одлука за престанок на мандатот на поротничката, не може да стори ништо.

Поротничката има навршено шеесет години и затоа треба да биде разрешена, предвидува Законот за судовите. Неколкупати досега на судењата за „ТНТ“ беше оспорувана возраста на Ивановска-Кочковска, а поради тоа, беше барано и одложување на рочиштата.

Обвинителот Бурим Рустеми, кој го застапува предметот „ТНТ“ за уривањето на „Космос“, по последното рочиште, рече дека очекува судењето да почне од почеток поради истек на мандатот на поротничката. Обвинителот тврди дека делата за кои се сомничат обвинетите не може да застарат.

Првпат за возраста на поротничката Кочковска спомна пратеникот Илија Димовски во предметот „Талир“. Тој пред судот рече дека според Законот за судовите, на две поротнички им истекол мандатот поради наполнети 60 години и заради економичност на постапката побара одлагање на судењето за да се надмине ситуацијата.

Доколку Ивановска-Кочовска биде разрешена, тогаш предметите „Тендери“, „Топлик“, „ТНТѐ“, „Талир“ и „Монструм“ ќе треба да се вратат на почеток. Одложување на судењето за „Монструм“ поради истата причина се очекува да има и в петок, за кога е закажано рочиште. Само во предметот „Титаник“ има резервен поротник.

Би можело да ве интересира

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

Обвинителката за сведочењата на родителите на судијата Ѓоко Ристов: Не се поткрепени со докази, емоциите се јасни!

А1он

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Судијата кој делеше правда на мечот Атлетико – Реал е пред суспензијата

А1он

Врховниот суд ја укина апелациската пресуда со повисоки казни за случајот „Ласкарци“

А1он

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он