ТМ: Критичарите на власта се мета на насилства

Од:

Извадоци од новиот билтен на „Транспарентност Македонија“ за месец мај:

НОВИ ДОЛГОРОЧНИ ЗАДОЛЖУВАЊА ЗА ТЕКОВНА ПОТРОШУВАЧКА

1. Очевидно e дека ефектите од политичката криза и нивното влијание врз македонската економија и реализирањето на буџетот на државата од месец во месец се сé поголеми. Политиката што ја водеше Владата на РМ во април во сферата на буџетската потрошувачка и задолжувањето, продолжи и во месец мај.

Чекорите кои ги презеде Министерството за финансии во месец мај покажуваат дека Владата на РМ е пред многу сериозен проблем на финансирање на тековните буџетски трошења. Просто несфатлив и без никакви аргументи е ставот на министерот за финансии Зоран Ставревски дека во овој момент ребаланс на Буџетот на РМ не е потребен и дека изворите на финансирање на буџетските расходи се стабилни.

НЕЗАКОНСКО, НЕНАМЕНСКО И НЕРАЦИОНАЛНО ТРОШЕЊЕ НА ПАРИТЕ НА ГРАЃНИТЕ

2. Дека највисоките носители на власт незаконски, неодговорно и нерационално ги трошат парите на граѓаните, покажува и Извештајот на ДЗР за извршената контрола во министерството за одбрана (МО) за 2013 г. кога со овој орган раководеле Фатмир Бесими и Талат Џафери – двајцата кадри на ДУИ.

ЗЛОУПОТРЕБИ КАЈ ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

3. Регулативата за јавни набавки и пропишаните принципи кои треба да обезбедат фер конкуренција на понудувачите, еднаков третман и недискриминација, транспарентност и интегритет на процесот и рационално и ефикасно искористување на средствата во постапките за јавни набавки, перманентно се игнорирани и кршени, особено кај големите тендери.

ТЕХНОЛОШКИ ИНДУСТРИСКИ РАЗВОЈНИ ЗОНИ

4. Создавање на Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) беше еден од најважните проекти на Владата на ВМРО-ДПМНЕ уште од доаѓањето на власт во 2006 г. Целта на создавањето на ТИРЗ на повеќе локации низ Република Македонија беше да се создадат поволни услови со кои ќе се привлечат големи странски компании да инвестираат во земјава.

ПРЕСКАПИ И БЕСПОЛЕЗНИ МЕДИУМСКИ КАМПАЊИ

5. Повеќегодишната практика на незаконско, неодговорно и неконтролирано трошење на парите на граѓаните во областа на владините рекламни кампањи продолжува со несмален интензитет, наспроти бројните афери и домашните и странски реакции дека јавните средства се трошат на сомнителен и коруптивен начин.

СОСТОЈБА СО СЛОБОДАТА НА ГОВОРОТ И МЕДИУМИТЕ

6. Од половината на април и во текот на месец мај 2015 г. во Македонија се случија низа насилства кои имаат една заедничка политичка заднина: целите на овие насилства се критичари на власта и нејзините политики, некои од нив познати новинари или политички функционери, а некои и само поддржувачи на опозицијата.

Би можело да ве интересира

ТМ: Димитриев да го објасни потеклото на парите со кои ВМРО-ДПМНЕ лобира во странство.

Емир Латифовиќ

ТМ: Има елементи на организиран криминал поврзани со Фондот за пензиско осигурување

Ана Ололовска

ТМ: Борбата против корупцијата е само на хартија, буџетот на Град Скопје е во функција на пропагандните потреби

Емир Латифовиќ

ТМ: Луксузот на премиерот, скриениот имот и трошењата ги одбележаа јули и август

Емир Латифовиќ

ТМ: Притисоци, злоупотреби и повреди на правото во случајот „Музеј на Македонија“

Емир Латифовиќ

ТМ: Ветувањата на премиерот не можат да се остварат со буџетот за 2015

Емир Латифовиќ