ТМ: Димитриев да го објасни потеклото на парите со кои ВМРО-ДПМНЕ лобира во странство.

Од:

Транспарентност Македонија (ТМ анализирајќи ја „сивата зона“ на финансирањето на политичките партии, го повикува Емил Димитриев, сегашен претседателот на Владата на РМ, кој во својство на тогашен генерален секретар, е потписник на договори со американски компании, во висина од 1,7 милиони долари, да го објасни потеклото на парите со кои ВМРО-ДПМНЕ лобира во странство.

„Дотолку повеќе што на г. Димитриев сега му е доверена исклучително одговорната функција да ја предводи Владата која треба да подготви демократски избори во државата. Неговата директна импликација во ваквото финансиско работење на неговата партија, доколку остане необјаснето, темелно го доведува во прашање неговиот кредибилитет и легитимитет за премиерската функција којашто сега ја извршува.
Од објавените копии од договорите, во изминатите недели стана јасно дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ангажирала неколку американски компании за политичко лобирање и пропагандна поддршка во САД. Согласно договорите, вкупните суми кои до сега се објавени изнесуваат околу 1,7 милиони долари, што, за македонски услови, претставуваат шокантни финансиски износи со кои, очигледно, располага оваа партија. Во наведените суми не се вклучени патните, дневните и други трошоци кои ќе произлезат од склучените договори со овие лоби-фирми.

Транспарентност Македонија прашува: ОД КАДЕ Ѝ СЕ НА ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА ОВИЕ ПАРИ?

Со Законот за спречување на корупцијата, во член 13, е предвидено кога постојат основи за сомневање дека буџетски средства или средства од јавни претпријатија, јавни устаноци и други правни лица… непосредно или посредно се користат за изборна кампања или воопшто за финансирање на изборна или друга политичка активност, ДКСК презема мерки за утврдување на таквите сомневања. Несомнено, средствата за лобирањето на ВМРО-ДПМНЕ може да се сметаат за „друга политичка активност“, а во функција на претстојните паламентарни избори, од што произлегува дека ДКСК е надлежна да реагира и да отвори постапка за утврдување на изворите на средствата за финансирање на ваквите активности на ВМРО-ДПМНЕ.

ТМ ја прашува Државната комисија за спречување на корупцијата дали препознаваат основа за утврдување на потеклото на парите на ВМРО-ДПМНЕ?

Во Законот за финансирање на политичките партии, пак, е пропишано дека финансирањето на политичките партии е јавно и транспарентно, со целосен увид од страна на граѓаните и надлежниот орган за контрола на финансиско-материјал­но работење. Исто така, изворите на финансирање на политичките партии, се јавни и транспарентни и подлежат на контрола од надлежните орагни за финансиско-материјално работење. Согласно член 5 од овој Закон, секој граѓанин има право на еднаков пристап во увидот на финансирањето на политичката партија. Приходите и расходите на политичката партија се јавни.

ТМ го прашува граѓанинот Марко Зврлевски, кој, патем, е и јавен обвинител на РМ, дали препознава основа за испитување на потеклото на парите на ВМРО-ДПМНЕ?“, стои во анализата на ТМ.

Би можело да ве интересира

ТМ: Има елементи на организиран криминал поврзани со Фондот за пензиско осигурување

Ана Ололовска

ТМ: Борбата против корупцијата е само на хартија, буџетот на Град Скопје е во функција на пропагандните потреби

Емир Латифовиќ

ТМ: Луксузот на премиерот, скриениот имот и трошењата ги одбележаа јули и август

Емир Латифовиќ

ТМ: Притисоци, злоупотреби и повреди на правото во случајот „Музеј на Македонија“

Емир Латифовиќ

ТМ: Критичарите на власта се мета на насилства

Емир Латифовиќ

ТМ: Ветувањата на премиерот не можат да се остварат со буџетот за 2015

Емир Латифовиќ