Титоисти, црвено ѓубре, србомани, ќе клечите пред вратата на ЕУ – груби навреди за Македонците од бугарскиот европратеник Јорданов

Од:

Скандалозно однесување на македонската гранична полиција на границата меѓу Бугарија и Северна Македонија, како и уште поодвратното однесување на македонската политичка елита и македонските граѓани во Скопје во врска со прославата на годишнината од раѓањето на националниот херој од Бугарија Гоце Делчев, испраќа јасна порака: Република Северна Македонија нема место во Европската Унија вели бугарскиот европатеник и поранешен амбасадор во Македонија Александар Јорданов.

– Уште еднаш стана јасно дека еден национален револуционер како Бугаринот Георги Делчев нема ништо заедничко со денешните Македонци кои се копи пејст на најодвратните комунисти од времето на Југославија. Мора да се стави крај на нивната десетгодишна непријателска политика кон Бугарија. Го слушнав и лидерот на опозицијата во оваа земја Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, кој активно работи против својата држава во интерес на соседна Србија. А најверојатно и Русија. Денеска не повика нас, Бугарите, да гледаме кон иднината, кон 21 и 22 век. Веднаш му одговарам: зошто сакајќи да погледнеме во иднината, центарот на Скопје го изградивте со антички градби? Зошто го лажиравте дури и урбаниот архитектонски простор? Нема иднина за такви комунистички фосили како вас – титоисти, црвено ѓубре, југословенски гикови. Ќе висите пред портите на Европа многу долго. Ќе клечите пред нив додека не ви скапат тиквите за историската вистина дека сте срамни наследници на достојните македонски бугари. Дека сте се преродиле од вашиот бугарски народ. Долго ќе чекате за европско членство бидејќи вашето однесување е србоманско. И затоа што не сте достојни да го носите името Македонци, што е име на македонските Бугари. А што само Бугари: Перличев, браќата Миладинови, Пејчинович, Делчев, Груев, Сандански, Александров, Михаилов пишува ХЈорданов.

Во објавата тој ги повикува сите бугарски политичари, млади и стари, десни и леви, либерали и зелени, зрели и незрели, да заземат цврста и непоколеблива позиција во одбрана на бугарската историја, култура и националност во Македонија.

Затоа што во оваа географска област, чиј дел денес ја окупира независната држава Северна Македонија, живеел и живее бугарскиот народ завршува Јорданов кој во периодот од 2001 до 2005 година беше бугарски амбасадор во земјава.

Неговата реакција доаѓа по вчерашното чествување на роденденот на Гоце Делечв и случувањата на граничниот премин Деве Баир каде поради агресивно однесување и груби навреди беа приведени тројца Бугари.

Би можело да ве интересира

Во финална фаза подготовките за поставување бистата на Гоце Делчев во центарот на Пустец

Катерина Ѓуровски

Делегации се поклонија пред спомен релјефот на Гоце Делчев во штипско Ново Село, каде што учителствувал

Костадиновска-Стојчевска: Ги негуваме визиите на Делчев кој е синоним за културен натпревар меѓу народите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Битката за Македонија која Делчев ја доби е обврска за нас да ја продолжиме кон просперитетна и силна држава

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачевски: Гоце Делчев би бил горд за она што го направивме, Македонија напредува

Горан Наумовски

Пендаровски, собраниска и владина делегација му оддадоа почит на Гоце Делчев по повод 152-годишнината од раѓањето