Тито Петковски: Се покажа дека Груевски неправедно ми зеде 10.600 евра

Од:

Тито Петковски, претседател на НСДП, уште во 2008 година за „Фокус“ тврдеше дека премиерот Никола Груевски е подготвен на компромис со Грција за името Република Македонија (Скопје).

За оваа изјава Груевски покрена тужба, а главен аргумент му беше изјавата кога Петковски тврди дека премиерот со писмо до генералниот секретар на Обединетите нации во 2008 година предложил дека името Република Македонија (Скопје) е прифатливо за земјава.

Петковски во јули 2013 година беше осуден на парична казна од 10.600 евра за нарушување на угледот на премиерот.

Тито Петковски за „Мета“ вели дека се потврдило тоа што тој го говорел уште во 2008 година.

– Дел од тоа што денеска беше објавено и Груевски го има кажано во изјава за телевизија „Алфа“. Но, судот не сакаше да ги прифати тие докази. Предложив сведоци да бидат Лазе Еленовски, Бранко Црвенковски, па дури и Џорџ Буш, под чие покровителство требало да се реши овој спор, но и тоа судот не сакаше да го прифати. Тоа само покажува колку е инструментализиран судот – истакна Петковски.

Тој вели дека во вакви околности е беспредметно да бара сатисфакција за казната која неправедно ја добил. Сепак, потврдува дека во некое време, кога ќе се променат работите, секако ќе бара некаква сатисфакција.

Писмото кое до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, во кое е тој известен дека Македонија е подготвена да го прифати предлогот на Нимиц, го потпишал тогашниот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски. За ова знаел и Лазе Еленовски, некогаш бизок соработник на Петковси и министер за одбрана во првата влада на Груевски. Неговата потврда за подготвеноста на Груевски да го промени името беше и јавно обзнаена во предизборната кампања за парламетнарните избори во 2009 година, кога беше пуштена снимка од Централниот одбор на партијата, каде тој признава дека имало намера да се реши прашањето за името.

СДСМ денеска обави прислушувани материјали за кои претседателот на партијата, Зоран Заев, истакна дека разговорите покажуваат „јасни информации за класични подземни посредници од негова доверба од Македонија и од Грција. За името се преговарало под маса во тајни простории со Емануел Малелис, познат како Маноли“.

Извор: META

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски