А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

ВИДЕО: Тито Петковски казнет со 10.000 евра за навреда

by А1он15/07/2013 - 12:3915/07/2013 - 15:34458
Share0

Основниот суд Скопје 2 ја прифати тужбата поднесена од премиерот Никола Груевски и му одреди казна на лидерот на НСДП Тито Петковски од 10 000 евра.

Добивај вести на вибер

„Тужбеното барање делумно се усвојува и се утврдува одговорност со намера да се наштети на честа и угледот на Никола Груевски. Тужениот Петковски ќе мора да исплати 650 000 денари“, гласи одлуката на судот.

Адвокатот на премирот, Никола Додевски изјави дека е задоволен од пресудата на судот и дека е делумно прифатено тужбеното барање кое изнесуваше 15 илјади евра.

Во судот не беше присутен лидерот на НСДП, Тито Петковски  зошто  ја очекувал ваквата одлука на македонското правосудство.

Неговиот адвокат, Оливер Ристовски изјави дека засега нема да ја коментира одлуката на судот, се додека не ја добијат во писмена форма.

– Ја очекуваме писмената судска одлука да видиме врз која основа е донесена олуката да се плати 650.000 денари. По разгледувањето, нашата страна ќе поднесе жалба – изјави Ристовски.

На новинарско прашање зошто на минатото рочиште адвокатот го напуштил судењето, Ристовски одговори дека судот го поминал неговото работно време.

Воедно, како што напомена Ристовски, судот не ги прифатил предложените сведоци Бранко Црвенковски, како претседател на Македонија во 2008 година, Лазе Еленовски како тогашен министер за одбрана и Антонио Милошовски, кој е потписник на писмото до генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун.

Вчера дури беше најавена и точната сума од 10 илјади евра, која денеска беше изречена.

Инаку тужбата Груевски ја покрена поради изјавата на Петковски во „Фокус“ каде кажа дека премиерот со писмо до генералниот секретар на Обединетите нации во 2008 година предложил дека името Република Македонија (Скопје) е прифатливо за земјава.

– Никогаш такво писмо не сум испратил и затоа поднесов тужба за клевета за да се докаже дека тоа не е така. Ќе потенцирам дека во пресудата на Хашкиот трибунал во точката 136 јасно стои дека постоел предлог од медијаторот Метју Нимиц за решение на проблемот наметнат од Грција поврзан со нашето уставно име кој дошол непосредно пред Самитот на НАТО во Букурешт и за кој ние сме изразиле волја да го дадеме на референдум за сите граѓани да можат да одлучат дали тој е прифатлив.

– Стануваше збор за предлогот Република Македонија во заграда Скопје, изјави Груевски по завршувањето на рочиштето во Основниот суд Скопје 2.

Писмото кое до генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во кое е тој известен дека Македонија е подготвена да го прифати предлогот на Нимиц, сепак го потпишал тогашниот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски, а не премиерот.

nsdppremier

Би можело да ве интересира

НСДП на локалните избори ќе настапи во коалиција со СДСМ

Горан Наумовски19/05/2025 - 08:34

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он05/05/2025 - 20:01

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

Горан Наумовски15/12/2024 - 11:08

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски12/11/2024 - 08:1212/11/2024 - 10:30

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ01/10/2024 - 08:5901/10/2024 - 09:02

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

Горан Наумовски18/06/2024 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен