Тинејџер нападнал полицаец во Кисела Вода, бидејќи му побарал лична карта

Од:

Тинејџер вечерва нападнал полицаец во скопската населба Кисела Вода, откако му била побарана лична карта за легитимација.

Откако одбил да покаже легитимација, тој почнал да се однесува агресивно и физички да се пресметува со еден од полицајците. Од МВР велат дека 18-годишникот е приведен во полициска станица.

„Полициски службеници го лишиле од слобода М.Н.(18), од Скопје, кој при легитимирање поради агресивно однесување кон едно лице, почнал агресивно да се однесува и кон полициските службеници и физички нападнал еден од нив, оштетувајќи го стаклото од влезната врата на станбена зграда“, велат од МВР.

Против него ќе биде поднесена и пријава откако ќе биде документиран случајот.

Би можело да ве интересира

Седум полицајци се повредени во експлозија во Украина, Зеленски тврди: Тоа е тероризам

Американец истепа двајца полицајци кај Демир Капија

Горан Наумовски

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско