Тинејџер избоде 14-годишник во Сарај

Од:

Шестнаесетгодишен малолетник во скопско е лишен од слобода откако вчера во тепачка со две години помладо момче му нанел тешка телесна повреда со остар предмет.

– На 11.07.2026 во СВР Скопје е пријавено дека околу 15:00 часот пред угостителски објект во с.Сарај, скопско по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 14-годишен малолетник и друг малолетник. По кратко време пред продажен објект се сретнале 14-годишникот и 16-годишен малолетник кој го нападнал со остар предмет при што му нанел тешка телесна повреда, а 14-годишникот му возвратил со тврд предмет и му нанел повреда – информираат од МВР.

Ноќеска околу 01:35 часот 16-годишиот малолетник е лишен од слобода од полициски службеници од СВР Скопје, извршен е службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка