• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Тинејџери „сериски“ крадци низ Скопје

by А1он22/09/2013 - 13:56131
Share0

СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјаните М.М. (19) Б.Х. (18) и А.С. (18) за 16 кривични дела „кражба“. За кривично дело „прикривање“, пријавени се и Д.Д. (32) од Скопје и А.А. (24) од Тетово кои противправно стекнале имотна корист од околу 312.460 денари.

Добивај вести на вибер

Како што информира МВР, 12 од кривичните дела биле извршени од 11 јули до 19 август годинава претежно во ноќните часови, во објекти на неколку улици околу Бит-пазар („Христијан Тодоровски-Карпош“, „Лазар Танев“, „Решат Џафер“, „Градиште“, „Џон Кенеди“, „Евлија Челебија“, „Цветан Димов“ и булеварот „Крсте Мисирков“).

Од 12-те кривични дела во тој реон, четири се тешки кражби во продавници, три во трафики, две во угостителски објекти, две тешки кражби во обид во останати објекти (работилница, билетара) и една кражба во хотел.

– Од продавниците и тобако-киосците сторителите претежно одземале разни видови цигари, алкохолни и безалкохолни пијалаци, чоколади, грицки, СИМ-картички, пари…, а пак во кражбата од хотел „Султан“ од рецепцијата, додека немало никој, одзеле лаптоп и 16 мобилни телефони, соопшти МВР.

Четири кривични дела сторителите ги извршиле на територијата на општина Чаир, на улиците „Босна и Херцеговина“, „Црвени брегови“ и „Бетовенова“.

– Пријавените најчесто со прескокнување на терасата и со употреба на погоден предмет – хебла делувале помеѓу рамката и крилото од балконската врата по што влегувале внатре во домовите, вршеле пребарување и претурање. При кражбите од становите и куќите одзеле телевизор, компјутер марка ХП, рачен часовник „Касио“, бижутерија и пари, информира МВР.

Покрај овој случај, Одделението за имотни деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава и против скопјаните Н.Д. (27) и Е.Х. (23) за четири кривични дела „тешка кражба во стан“ и „тешка кражба во останати објекти“, против Ц.Д. (33) за кривичното дело „прикривање“ и против А.К. (27) за кривично дело „помагање“. Пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 144.000 денари.

Четирите тешки кражби биле извршени во општина Кисела Вода во различен период од денот, во станови на улиците „Михаил Чаков“, „Петар Дељан“, „Божидар Аџија“ и „Сава Ковачевиќ“. Со погоден алат тие ја пробивале влезната врата и влегувале во становите, а во еден случај влегле со провалување на врата од балкон.

Прво и второпријавениот од становите одзеле разновидна техничка стока – телевизори, монитор и куќиште за компјутер, четири лаптопа, плејстејшн, пари и други предмети, кои потоа ги препродавале на други лица за многу пониски цени од реалните. Дел од украдените предмети ги заложиле во заложни куќи за што добивале пари.

mvr

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он12/01/2026 - 19:36

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Горан Наумовски11/01/2026 - 21:01

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он03/12/2025 - 16:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен