Тимотеј: Паско Кузман не направил ништо нечесно

Од:

Митрополитит на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј, искажува сомнеж дека Паско Кузман, директор на Управата за заштита на споменици на културата, направил нешто недозволено, односно дека нешто присвоил.

– Лично се сомневам дека било што направил, дека било што присвоил. Жалам што го вклучуваат во нечесни дејанија, Паско има големи заслуги за Цркавата, отсекогаш бил коректен кон МПЦ и без оглед како ќе го третираат, ние ќе му бидеме благодарни. Црквата имала периоди на добра и недоволна соработка со државните институцуии. Со Паско Кузман и кога бил само археолог и кога бил раководител на институции (Заводот и Музеј во Охрид, Управата за заштита на споменици на културата), секогаш сме имале коректна соработка – вели митрополитот Тимотеј, во изјава за охридското Супер радио.

Би можело да ве интересира

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје