Владиката Тимотеј е оптимист дека по смирување на страстите ќе започне изградбата на црквата Свети Димитрија во струшкото село Октиси, иако договор ниту по денешната средба кај градоначалникот на Струга, Зијадин Села не е постигнат и нема ништо конкретно договорено.
„Се договоривме да продолжат разговорите во разубедување кај двете страни за да се смират стратстите и да се почне со градба на параклисот „Св. Димитрија“ во село Октиси. Сега си земавме обврска тие да работат кај своите ние кај нашите и да најдеме решение“, рече Тимотеј.
Муфтијата на ИВЗ во Стуга, Салим Сулејмани рече дека треба да се најде решение кое ќе биде во интерес на двете страни, но прецизираше кое е решението кое би ги задоволило и двете страни.
„Мислам дека ова беше добра иницијативата од градоначалникот Зејадин Села.Разговаравме да одиме заедно таму каде што треба. Некој друг ден ќе има друга средба на која ќе се најде убава солуција, позитивна за двете страни, за нашите и вашите верници. Да бидиме заедно секогаш и да ја чуваме исламската вера да ја чуваме христијанската вера заедно.Мислам дека исходот ќе биде добар. Даваме отворена поддршка да се изнајде решение, солуција која ќе биде во интерес и на двете страни“, вели муфтијата Сулејмани.
Средбите меѓу двете заедници продолжуваат и понатаму.
Мики Трајковски