Тимоние: Во моментов најважно е успешно да се спроведат претседателските избори

Од:

Францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние денеска по завршувањето на свеченото затворање на обуката „Идентификување на потеклото на пожар-несреќен случај или кривично дело“ одговарајќи на новинарско прашање не даде јасен одговор дали смета дека на Македонија и се потребни предвремени избори сега, заедно со претседателските.

Но, сепак тој напомена дека најважно за земјава во моментов е успешно да ги спроведе претседателските избори, оти според начинот на кој тоа ќе го стори ќе се цени и нејзиното натамошно интегрирање во ЕУ.

– Предвремените избори не се тема на денешниот настан, предвремените избори не придонесуваат и немаат улога во развојот на цивилната заштита. Јас сметам дека работите треба да се остават да се одвиваат според својот тек. Има поважни теми од оваа што вие денеска ја начнавте, но најважно во моментот е успешно да се спроведат претседателските избори, а начинот на кој ќе се спроведат ќе биде еден чекор поблиску до вашето приклучување во ЕУ, истакна Тимоние одговарајќи на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада