Тимоние: Посакуваме отворање преговори, тоа ќе биде добро и за нас

Од:

Амбасадорот на Франција во Северна Македонија, Кристијан Тимоние денеска беше во посета на Гостивар за да присуствува на манифестацијата „Ден на франкофонијата“ и притоа се сретна со градоначалникот Арбен Таравари.

На средбата Тимоние и Таравари зборувале за унапредување на соработката.

На новинарско прашање околу процесот за пристапување на земјава во Европската Унија и добивањето датум, Тимоние одговори дека тоа не е само политички маркетинг.

– Отпочнувањето на преговорите ќе биде добро и за нас, амбасадорите на западните земји. Ние посакуваме отварање на претпристапните преговори. Но, земјата треба навистина да е подготвена за тоа. Така што тоа нема да биде подарок, тоа треба да биде заслужен подарок во вашите раце, додаде Тимоние.

Тој присуствуваше и на деветото издание на манифестацијата „Ден на франкофонијата“ во Центарот за култура АСНОМ.

Годинава покрај ученици од Гостивар настапија и ученици од Скопје, Тетово, Пехчево, Кавадарци, Лозово, Врапчиште и Добри Дол.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он