Тимоние: До нас е да разговараме за новите правила на игра, а до вас е да ги донесете законите против корупција

Од:

Сега е на лидерите на ЕУ да разговараат меѓу себе за да ги сменат правилата на игра, изјави францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање дали Франција ќе го промени својот став за прашањето за проширување до мај до Самитот на Унијта во Загреб, за кога европските лидери најавија дека повторно ќе се навратат на темата.

Тимоние вели дека и земјава треба да исполни одредени задачи – успешни избори и закони за борба против корупцијата, за кои вели дека усвојувањето би било многу силен сигнал. Тој и со критика дека во земјава се одржуваат премногу избори.

– Пред се тоа што ние треба да го направиме е да разговараме меѓу нас за да ги смениме правилата на игра. Во исто време, ако вие од ваша страна може да направите напредок ќе биде уште подобро, посебно изборите да бидат успешни, што ќе биде еден знак повеќе за политичката стабилизација, рече Тимоние денеска во изјава за медиуми на Саемот за студии во Франција.

Според него, постојат одредени работи за кои има време оваа Влада да ги донесе до 3 јануари, а која дотогаш, како што рече, треба да работи во полн капацитет.

– Во секој случај значи може да се оди напред, да се оди во прогрес се разбира со едно добро разбирање помеѓу самите партии. Затоа што вие сите заедно треба на некој начин да го дефинирате вашиот национален интерес, со цел тој национален интерес да може да се носи на европско ниво, посебно тука се мисли на законите што треба да се донесат со двотретинско мнозинство . Посебно во однос на законите за борба против корупцијата, кои доколку може да се донесат би биле многу силен сигнал. Ние имаме пред се работа од наша страна за да ја ставиме во ред нашата куќа и вие треба да го носите вашиот поглед односно да го вперите кон европскиот хоризонт што е ваш, меѓутоа треба да се работи и да се засукаат ракавите, рече Тимоние.

Успешни избори, според него, се дел од глобалните критериуми за стабилизација на политичкиот живот.

– Тоа би било еден добар знак, но сосема сум во полна доверба дека сето тоа убаво ќе помине. Имате премногу избори, но секојпат сметам дека еден чекор погоре е поминат во создавање на една доверба во политичкиот систем, односно во демократскиот систем, оцени францускиот амбасадор.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски