Тимоние до Богдановиќ: Мојата врата е секогаш отворена за вас

Од:

Денеска, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, во својот кабинет го прими амбасадорот на Република Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние.

Тимоние упати честитки до Богдановиќ за изборот за градоначалник и надеж дека добрите односи и соработка со општината ќе продолжат.

„Со довербата и поддршката од граѓаните, на фер и демократски избори го добив мандатот во првиот круг. Ова е одговорност и чест и јас ќе бидам градоначалник и на тие што гласале и на тие што не гласале за нас. Претходните 4 години општината беше мета на напади и сега се надеваме, по локалните избори и огромното мнозинство освоени градоначалнички и советнички мандати, ќе се работи полесно но и поодговорно. Сега треба да се расчистат сите работи за да може државата да оди напред и се надевам дека во наредниот период ќе зборуваме за убави работи и ќе пратиме убава слика за општина Центар и за Република Македонија“, рече Богдановиќ.

Амбасадорот Тимоние посочи дека тоа е и она што го посакуваат, бидејќи е многу значајно каква слика испраќа и Македонија во светот.

„Најлошо е да се испраќа слика на постојани кризи. Сега и’ се даде втора шанса на земјата што е позитивно и затоа и на локално ниво треба да се искористат сите наклонети карти кон вас. Го поддржувам она што го рековте дека ќе остварите соработка со сите иако за танго се потребни двајца, се надевам дека ќе соработувате и со советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Јас сум изненаден од забелешката на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека не ги признава изборните резултати“, рече Тимоние.

Градоначалникот на општина Центар посочи дека ова по долги години се први реални фер и демократски избори. Како градоначалник, рече тој, ќе соработува со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот, а и тоа дека веќе договорил и средба со против-кандидадот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски.
Амбсадата и амбасадорот одблиску ќе ја следат работата на општината, бидејќи Центар, како што рече, е и центар на Македонија.

На средбата беа разменети мислења и за идната соработка, за отворање на Француски катчиња во основни училишта во Центар и за изучување на француски јазик во училиштата.

Тимоние, кој што и живее во општина Центар, е задоволен, но и го поттикнува натамошното решавање на паркирањето.

„Како што ми посочија, Вие сте генијалецот за решавање на состојбата со паркирањето во општина Центар и дека Вие сте го олесниле паркирањето. Се надевам дека ќе имате успех и во сите други области“, рече Тимоние.

Богдановиќ рече дека ќе ги продолжи веќе започнатите проекти во општината, како што е изградбата на основно училиште во Капиштец по цели 46 години, ќе се изгради нова градинка, а општината ќе биде центар на спортските и културните настани.

Тимоние упати честитка и им посака пријатна и плодна работа на сите членови на Советот.

Би можело да ве интересира

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради