ТикТок анестезиологот Дервиши остана без лиценца

Од:

Судот на честа при Лекарската комора на на денешната седница донесе одлука за привремено одземање на лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово.

„Лиценцата за работа на докторот привремено се одзема за период од 7 години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето. Докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на ЛКРСМ како и Меѓународниот кодекс на медицинска етика. Докторот на медицина својата професија треба да ја врши совесно и одговорно со почитување на човековото достоинство“, се наведува во соопштението од Лекарската Комора.

Од таму додаваат дека тој е должен да ги почитува и штити правата на пациентите и да ја чува нивната доверба и тајност на медицинските податоци.

„Почитување на етичките норми е најважната основа на која лекарите секојдевно ги практикуваат своите стручни знаења во областа на медицина и ги лекуваат пациентите. И најстручниот лекар не е доволно добар лекар ако не ги почитува етичките норми и правила“, велат од Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори на медицина во нашата земја и додаваат дека нема да дозволат дигнитетот и угледот на докторите да бидат загрозени од неодговорно однесување на поединци во фелата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето предизвика поплави, две девојки скокнаа во водата за да се снимаат за ТикТок

Предраг Петровиќ

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

Бајден го потпиша законот: ТикТок има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка

Најгледано видео на ТикТок во 2023 година

Предраг Петровиќ

Затвор од 15 месеци за Тик-Ток анестезилогот од Тетово кој снимаше пациенти и медицински персонал

Полицијата уапси познат тиктокер за семејно насилство: Осомничен е дека ја нападнал својата партнерка