ТикТок анестезиологот Дервиши остана без лиценца

Од:

Судот на честа при Лекарската комора на на денешната седница донесе одлука за привремено одземање на лиценцата за работа на д-р Ваљтон Дервиши, специјалист анестезиолог, вработен во ЈЗУ Клиничка болница Тетово.

„Лиценцата за работа на докторот привремено се одзема за период од 7 години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето. Докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на ЛКРСМ како и Меѓународниот кодекс на медицинска етика. Докторот на медицина својата професија треба да ја врши совесно и одговорно со почитување на човековото достоинство“, се наведува во соопштението од Лекарската Комора.

Од таму додаваат дека тој е должен да ги почитува и штити правата на пациентите и да ја чува нивната доверба и тајност на медицинските податоци.

„Почитување на етичките норми е најважната основа на која лекарите секојдевно ги практикуваат своите стручни знаења во областа на медицина и ги лекуваат пациентите. И најстручниот лекар не е доволно добар лекар ако не ги почитува етичките норми и правила“, велат од Лекарската комора како професионално здружение на сите доктори на медицина во нашата земја и додаваат дека нема да дозволат дигнитетот и угледот на докторите да бидат загрозени од неодговорно однесување на поединци во фелата.

Би можело да ве интересира

Трамп ја одобри продажбата на Тик Ток

Си Џинпинг даде „зелено светло“ за продажба на TikTok

(ВИДЕО) Белата куќа отвори TikTok профил

(ВИДЕО) Трамп: Имаме купувач за TikTok

Астрономска понуда за TikTok: Американски милијардер во трка за апликацијата

ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски