ТИ-М повикува на зајакната транспарентност и отчетност во постапките на Владата и надлежните институции

Од:

Во услови на светска пандемија предизвикана од вирусот Корона 19, Транспаренси Интернешнел Македонија (ТИ-М) со внимание ги следи сите дејствија и активности што во услови на вонредна состојба ги презема Владата и сите други институции. Основните заштитни мерки против корупцијата никогаш не смеат да бидат ослабени или непочитувани, во спротивно ризикуваме да ги поткопаме нашите напори да му служиме на доброто на јавноста додека корумпираниот чин е неказнет, порачуваат од ТИ-М.

Владата, додаваат од Транспаренси Интернешнел Македонија, усвојува уредби со законска сила за да одговори на пандемијата на коронавирус или КОВИД-19 и да обезбеди непречено функционирање на здравствениот систем и набавка на потребната медицинска опрема потребна за да се спасат животи.

– Иако законодавството за вонредни состојби може да помогне во намалувањето на времето потребно за набавка на овие критични медицински материјали, за жал, честопати им дозволува на владите да ги заобиколат вообичаените проверки и салда на јавната потрошувачка. Искуствата во Светот кои доаѓаат од другите држави погодени со пандемијата покажаа дека од суштинско значење е транспарентноста, отвореноста и интегритетот да се одржуваат и прошират во здравствениот сектор. Идентификувани се неколку критични мерки против корупцијата, вклучително и отворено објавување на истражувања за вакцини и третмани, заштита на свиркачи во здравствените системи и обезбедување на еднаков пристап до третман за заштеда на живот, се вели во соопштението од ТИ-М.
Концентрацијата на моќта, потенцираат, не треба, под никакви околности, да доведе до нејзина злоупотреба.

– Од витално значење е овластувањата за итни случаи да се остваруваат само за целите за коишто биле доделени. Владата во овие услови треба да се воздржи од носење на одлуки надвор од она што е утврдено со Уставот и со Закон, а посебно од одлуките чие донесување не е суштинско, а може да предизвика сомнежи од аспект на нивната оправданост во овие услови. Основните заштитни мерки против корупцијата никогаш не смеат да бидат ослабени или непочитувани, во спротивно ризикуваме да ги поткопаме нашите напори да му служиме на доброто на јавноста додека корумпираниот чин е неказнет. Советот на Европа наведува дека основните заштити на „владеењето на законот, парламентарниот надзор, независна судска контрола и ефикасните домашни лекови, мора да се одржат дури и за време на вонредна состојба“, порачуваат од Транспаренси Интернешнел Македонија.

Оттаму информираат дека деновиве во соработка со ДКСК и како дел од Платформата на граѓански органзации за борба против корупцијата, започнале заедничка активност на следење на почитувањто на законитоста и транспарентноста во процесите на одлучување и донесување на конкретни одлуки и уредби. Во ситуација на вонредна состојба, Транспаренси Интернешнл- Македонија апелира сите ресурси да се насочат кон надминување на оваа состојба и почитување на владеењето на правото. Транспаренси Интернешнел Македонија ги повикува сите надлежни институции да се однесуваат според пропишаните правила и норми и да го задржат својот интегритет и транспарентност и во овој период, но и на поголема вклученост на граѓанскиот сектор.

Транспаренси Интернешнл – Македонија ги поддржува предложените активности на ДКСК и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.

– Во согласност со овие заложби ТИ-М во овој период ќе продолжи со засилен мониторинг на сите донесени одлуки и уредби за нивната
законистост и транспаренстност при процесот на донесување на истите. Исто така, ТИ-М нуди поддршка за сите граѓани кои ќе се соочат со неправилности и нерегуларности, велат од Транспаренси Интернешнел Македонија.

Преку својот центар за правна помош, ТИ-М ќе прима пријави од граѓаните кои се однесуваат на прекршување на законите и недосладностите во спроведувањето на истите.

Граѓаните може да се обратат до нивните правни советници на телефонот на организацијата: (02) 3217 000, нејзината ФБ страна, како и на мејлот [email protected] или на платформата Пријави корупција.

Би можело да ве интересира

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

Напредок од два индексни поени и девет позиции на Индексот на перцепција на корупција за 2023

Јан Коп до Ахмети: Посветеноста за членство во ЕУ е загрозена поради падот на владеењето на правото

Грковска-Нефју: САД ја продолжуваат поддршката на Македонија за спречување на корупцијата

Орце Костов

Кржалоски: На пола милион граѓани им било побарано мито, само четири судски пресуди се однесуваат на поткуп