ТХП: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја одигра последната злосторничка игра

Од:

„Иако подолго време Собранието, со тоа и волјата на граѓаните на брутален начин беа узурпирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, сепак професионалноста, посветеноста и одлучноста на ново собраниско мнозинство се покажаа како успешни алатки за конечно поразување на овој фашистички режим.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вчера ја одигра последната злосторничка игра со тоа што директно иницира напад врз Собранието на Република Македонија. Најостро ги осудуваме сите напади врз пратениците и новинарите кои храбро и достоинствено си ја вршеа својата должност.

Апелираме до граѓаните да бидат трезвени и стрпливи и да не паѓаат на провокациите. Исто така упатуваме апел и до новата опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со недемократските начини на дејствување и да се соочат со реалноста.

Денес е историски момент во историјата на независна Македонија која повторно ги враќа демократските принципи.

Партијата за Движење на Турците во Македонија го честита изборот на Претседател на Собранието на Р.М. и воедно посакуваме успешна и професионална работа на господинот Талат Џафери.

Се враќа животот во Македонија“, се вели во соопштението на Партијата за Движење на Турците во Македонија – ТХП.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on