ТХП: Полициски терор во Радовиш

Од:

Ја осудуваме постапката на полициските службеници и на дел медиумите во Македонија кои дадоа погрешна слика на јавноста во врска со случајот, со цел да се прикрие теророт на полициските службеници кон Турците во источна Македонија. Овој случај а згрози јавноста во Македонија и последиците можеа да бидат многу посериозни, после долгогодишните притисоци над Турците во овој регион, особено после последните парламентарни избори од страна на државните органи дојдовме до оваа дереџе, дали националистичките пораки кои ги испраќа власта и нивните послушници го издигна национализмот на највиско ниво, кој продолжува да ја труе подсвеста на народот.

Со таква реакција за инцидентот на 12 септември во Радовиш се огласи Партија за движење на Турците во Република Македонија (ТХП).

Партијата вели дека полицијата била премногу брутална и нападнала и неосновано пукала во двајца Турци кои не сториле ниту прекршок.

„Лицето И.М. 28) од Радовиш заедно со Ф.Ј. 25) од с. Аликоч, кој управувал со моторот, на пат кон пазарот да купат конец за тутун, биле видени од страна на полициските службеници кои се упатиле кон нив со службеното возило. Полициските службеници без да употребат било каква предупредувачка или светлосна сигнализација за да застанат, со службениот автомобил удриле во моторот. Од ударот двајцата патници паднале од моторот. Исплашени од ваквата постапка на полициските службеници И.М. и Ф.Ј. го оставиле моторот и се дале во бегство, по што еден од полициските службеници најпрво употребил вулгарни зборови против нив и кога се доближил до нив истрелал неколку куршуми од службениот пиштол. Еден од истреланите куршуми од далечина 3-4 метри, кои биле директно насочени кон двајцата, го погодил И.М. во десната нога, при што истиот после неколку метри паднал на земја. Куршумот влегол во пределот на десната натколеница и излегол од дргута страна на натколеницата и направил две прострелни рани. Полициските службеници не превзеле ништо со цел да помогнат на повредениот“, се вели во реакцијата од ТХП, потпишана од Енес Ибрахим, генерален секретар на ТХП.

hastane3

Тој вели дека против полицискиот службеник после овој случај не се превземени никакви мерки, иако, потенцира Ибрахим, истиот би требало да добие суспензија.

„Овие случаи не носат никому добро, го разоруваат соживотот, оној кој што се осмелил да нанесе вакво зло на лојални граѓани како што се Турците во Македонија и да третира како криминалци луѓе чија што единствена егзистенција им е тутунот и сточарството, не треба да заборави дека еден ден ќе треба да плати за ваквото однесување“, порачува ТХП.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка