The Failed States Index 2013: Македонија на 112. место по стабилност во светот

Од:

БиХ и Србија се на врвот од листата на европски најнестабилни држави оваа година, заради поразителни резултати на речиси исте социјални, економски, политички и воени индикатори.

Полоши од нив се само нестабилни и неуредени африкански, јужноамерикански и азиски држави. Тоа го покажува истражување The Failed States Index 2013 кое го спроведуваат уредници на Foreign policy и Фондот за мир.

fsindex-2013

Во истражувањето се опфатени 178 држави, и според него, од БиХ и Србија на Стариот континет полошо за живот е во Белорусија која е најлоша држава во Европа.

БиХ е на 83 место во категории држави „во опасност“ додека Србија е на 92-то место на „најпропаднатите“ држави во светот. Македонија е на 112 место, додека подобро пласирана од неа е Aлбанија – на 119 место. Црна Гора (134 место) и Хрватска (135 место) се според тоа истражување, најстабилни држави во регионот.

fsindex-20131

Резултатите се добиени врз основа на 12 социјални, економски, политичкии воени индикатори меѓукои се употреба на сила, губење физичка контрола врз територијата, одлив на мозоци, легитимитет на државата, сиромаштија, економска криза, човекови права, безбедност, дискриминација и раселување.

fsindex-201312

Најнестабилна држава во светот е Сомалија, а најстабилна е Финска.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Бугарите и Македонците живеат најкратко во регионот

Ана Ололовска