Тежок велигденски ден за Итната помош во Битола

Од:

Тежок велигденски ден поминале лекарите од Итната медицинска помош во Битола. Како ретко кога досега амубулантата била преполна со пацинети. Граѓaните се жалеле на висок крвен притисок, главоболки, колабирањe, биле донесени паценти со мозочни удари, а денот бил фатален и за неколкумина битолчани, пренесува Мета.

Средовечен битолчанец вчера починал на новите светонеделски гробишта додека палел свеќа на гробот на свој близок роднина, вели доктор Милутин Василев, лекар во Итната медицинска помош во Битола.

Лкарите накусо велат дека вчерашниот ден го поминале како боси низ трње.

– Многу тежок велигденски ден поминавме вчера. Работа имавме и во амабулантата и на терен. Едноставно луѓето паѓаа од висок крвен притисок, за жал имавме и смртни случаи. Паценти со масивни мозочи удари, за кои иако се обидовме да ги реанимираме, беше попусто – вели лекарот Василев.

Итната медицинска помош во Битола уште од утрото на Велигден се наполнила со пациенти кога четириесеттина граѓани речиси во истовремено дошле да ја примат редовната терапија.

Лекарите велат дека промената на времето, мрсната и изобилна храна како и алкохолот во најголем дел од случаите биле причина за влошување на здравствена состојба кај битолчани.

Извор: МЕТА

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните