Тетовските социјални работници побараа поголема заштита од надлежните служби

Од:

Вработените во Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово во периодот за пауза се собраа во дворот од установата и преку медиумите испратија порака за загриженост и револт поради зголемените случаи на насилство кај нив и нивните колеги кои се дел од истата државна служба. Според нив, последниот случај во Прилеп е показател дека се потребни системски промени за заштита на социјалните работници.

– Се собравме за време на паузата во однос на настанот кој вчера се случи во Прилеп во знак на поддршка на нашата колешка која беше повредена од огнено оружје од корисник кој долго време бил третиран во центарот согласно законската регулатива. Истата е со телесна повреда, да не зборуваме за менталната повреда, стресот и траумата на работно место, истакна Ѓурѓица Новеска, социјален работник.

Колективот од Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово воедно истакна и поддршка за сите колегите од сите центри кои имаат иста методологија на работа.

– Сметаме дека ваквиот немил настан, се случил на работно место каде како приоритетни се заштита направата и интересите првично на децата, семејните проблеми, како и материјалнита помош, не е наивна работа и дефинитивно е од јавен интерес. На службеник, што решава така сензитивни прашања, никој не треба да му врши притисок врз здравјето и работата. Едно поради самиот службеник, а друго поради сите судбини кои зависат од тој службеник или стручниот тим кој постапува. На колешката од ЦСР Прилеп и посакуваме побрзо оздравување, истакна Ѓурѓица Новеска, социјален работник.

Социјалните работници бараат итни мерки за заштита-нападот врз нив да се третира како напад врз службено лице, да имаат физичко обезбедување, психосоцијална поддршка, подобри услови за работа и построги санкции за насилниците.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски