Тетовски полицајци евакуираа семејство заглавено на Попова Шапка

Од:

Семејство со две малолетни деца кои останало заглавени на Попова Шапка поради снежни навеи на патот во викенд населбата биле евакуирани од тетовски полицајци, па потоа и со возило на СВР Тетово однесени дома во Скопје. Полицијата била ангажирана откако 35 годишниот сопруг и татко побарал по телефон помош со оглед дека немаат струја и храна во викендичката.

-Вчера во 12 часот и 40 минути, Б.А.(35) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека поради големи снежни навеви, бил отсечен пристапот до неговата викендичка на Попова Шапка, во која се наоѓале и сопругата и двете малолетни деца и дека поради тоа, тие не се во можност да излезат надвор и да заминат кон Скопје. Б.А., исто така, кажал дека во викендичката немаат електрична енергија и дека веќе немаат резерви од храна и огрев. Веднаш по пријавата, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка се упатиле кон викендичката за да ги евакуираат лицата, а во меѓувреме во координација со локалната самоуправа е ангажирана и потребната механизација за пробивање на пат, по што лицата со возило на Секторот за внатрешни работи Тетово се пренесени до нивниот дом во Скопје, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Ноќта помеѓу неделата и понеделникот поради силен ветер и интензивни врнежи од снег завеан беше патот во населбата со викендички во Попова Шапка. Околу полноќ дошло до прекин во снабдување со електрична енергија.

-Механизација вчера до 21 часот го расчистуваше патот, а утринава се продолжи со работа. Патот е речиси исчистен, но ноќеска повторно врнеше снег, а за среќа нема ветер, изјави Хавзи Ризвани, претседател на месната заедница и здружение на граѓани сопственици на викендички на Попова Шапка.

Би можело да ве интересира

Рекордни снежни врнежи во Москва и во Московскиот регион

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Студен ден со облачност и повремени врнежи од снег

Горан Наумовски

Силни врнежи и снег во западните делови, студен бран ја зафати државата

Претпладне дожд, попладне снег

Москва: Најобилни снежни врнежи во последните 56 години