Тетовската полиција приведе двајца малолетници и 31 годишник поради марихуана

Од:

Полицијата во Тетово денеска за речиси два часа приведе три лица откако кај нив е најдена марихуана. Двајца од приведени се малолетници на 17 години.

– Околу 14 часот, на улица „Ѓорче Петров” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово на возраст од 17 години. При нивен преглед и во нивна непосредна близина им била пронајдена марихуана. Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци. Денеска, исто така,околу 15 часот и 50 минути во тетовско Теарце лишен од слобода е А.Ф.(31) од ова село, затоа што му била пронајдена марихуана, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

И на приведениот од Теарце ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он