А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Тетовската полиција ќе ги расчистува узурпираните јавни сообраќајни површини

by А1он13/12/2017 - 15:03110
Share0

Полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај во координација и содејство со повеќе инспекциски служби во следните дваесеттина дена ќе се ангажираат на расчистување на јавните сообраќајни површини во Тетово од самоволни узурпации за трговски, угостителски и други цели и намени информираше портпаролот наСВР Тетово Марјан Јосифовски. Глобите за ваквите узурпации изнесуваат 300 евра во денарска противвредност за физички, 2.000 евра за правни лица и плус 600 евра за нивните одговорни лица.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Ќе се отстрануваат и соодветно ќе се санкционираат незаконски поставените тезги за продажба на земјоделски, конфекциски и други производи, но и другите видови узурпации а со цел да се овозможи непречено и безбедно движење на возилата и пешаците. На сите оние кои веќе ги узурпирале сообраќајните површини ќе им се изготвуваат адекватни поднесоци. Активностите најпрво се планира да стартуваат на и околу тетовскиот плоштад по што со истите ќе бидат опфатени и улиците „120“, „Илинденска“, „Видоја Смилевски-Бато“, „Борис Кидрич“ и други, изјави Јосифовски.

Од полицијата очекуваат дека со овие активности ќе се придонесе за поголем ред и безбедност на тетовските улици и тротоари во пресрет на доаѓањето на времено вработените во странство со што вообичаено се зголемува вкупната сообраќајна фрекфренција на тетовското и поширокото полошко подрачје.

mvrtetovo

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 09:38

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он23/08/2026 - 13:3923/08/2026 - 13:26

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он21/08/2026 - 16:37

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски21/08/2026 - 11:1621/08/2026 - 11:17

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:11

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он28/07/2026 - 17:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео