Тетово направи патека за велосипедисти која поминува преку контејнери и бетонски столбови

Од:

Наместо пофални зборови, велосипедската патека во Општина Тетово стана мета на потсмев и шеги. По повеќе години барања од жителите за означување на патека за велосипеди, сега, таа поминува преку контејнери, бетонски столбови, високи пешачки острови. Ваквата обележана патека, стана и регионално позната откако фотографија од патеката беше споделена на српскиот профилот на „Твитер“, „Улици за велосипедисти“, со наслов „Ни стигнаа поздрави од Тетово“. Дека патеката е куп недостатоци, воочила и општината, па од попладнево ги отстранува „пречките“.

А на социјалните мрежи, шегите за недостатоците на патеката се на сметка на градоначалничката Теута Арифи.

„Во меѓувреме во Тетово… И барале на Теута вело патека, она да ти се изнервира и да им напраи. Наравоучение: не ги нервирајте градоначалниците!“, пишува во еден од твитовите.

Од неформалното здружение „На точак“, предупредија дека поради ширината на патеките, тие се небезбедни, ниту комотни за велосипедистите.

„Тесни ленти и патеки се показ на волја до некаде, но мораме да предупредиме дека не се безбедни, ниту комотни за луѓето кои возат точак. Ако патеките не се удобни, тие и понатака ќе ги користат лентите за автомобили. Од една страна добра вест, зашто има размрдување. Од друга страна, лентата е исклучително тесна!“, велат од „На точак“.

Патеката е долж булеварот „Илинденска“, а од Тетово велат дека се работи на тоа лента за велосипедисти да биде поставена низ целиот град.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски