Тетово: 219 возачи и 83 возила исклучени од сообраќај во април во Тетово

Од:

Вкупно 219 возачи и 83 возила биле исклучени од сообраќај од страна на полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово поради најразлични видови прекршоци во текот на април во Тетово и тетовско информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Споредено со април лани бројот на исклучените возачи и возила на поширото тетовско подрачје бележи намалување за педесетина случаи. Според оваа полициска статистика 117 од исклучените возачи претходниот месец биле без положен возачки испит и управувале без валидна дозвола, 91 возач-почетник не се придржувале на законски предвидените ограничувања а 10 имале несоодветна категорија за управување.

– Меѓу откриените без возачка дозвола извесен број се и учесници во јавниот превоз на патници и претежно управувале такси комбиња или минибуси. На исклучените возачи изготвени им се соодветни поднесоци предвидени со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и ќе се соочат со глоби кои се движат од 200 до 300 евра во денарска противврредност.

Кај исклучените возила 68 биле со истечена регистрација до и над 30 дена, кај 14 констатирана е техничка неисправност пред се на сопирачките а кај 1 возило претова. Глобите за овие прекршоци се движат од 100 до 500 евра во денарска противвредност.

Во овој период за санкционирање на сите видови откриени прекршоци вкупно 1630 изготвени се вкупно 495 прекршочни, 869 мандатни платни налози и 251 писмено предупредување посочи Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Ана Ололовска

Казнети 19 пијани возачи и 34 за пречекорување на брзината

Ана Ололовска

Полицијата во Скопје казнила 17 возачи кои возеле побрзо и 10 кои биле под дејство на алкохол

Ана Ололовска

Изминатото деноноќие 14 сообраќајки во Скопје, 10 лица лесно повредени

Ана Ололовска

Двајца потешко и девет полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Ана Ололовска

Седум сообраќајки во Скопје, повредени девет лица

Ана Ололовска