Тетовка се фрлила од мост на реката Пена кај болницата

Од:

Утринава околу 8 часот и 40 минути 53 годишната С.И. од Тетово се фрлила од мостот кај хирушкото одделени во тетовската болница и се удавила во реката Пена информираа од полицијата.

Нејзиното тело било пронајдено и извадено од реката од страна на жители на бараките околу 200 метри подолу од болницата по што случајот бил пријавен во полиција.

На самото местото излегле полициска, екипа на брзата помош и територијалната противпожарна единица, како и истражен судија и јавен обвинител кои само можеле да ја констираат смртта на жената.

Според неофицијални информации таа подолго време се лекувала од психички болести и врз нејзиното тело нема да се врши обдукција, туку ќе биде предадено на семејството за погребување.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски