Тетовка погодена од заскитан куршум

Од:

И.А.(69) од тетовската населба Дреновец – Порој синоќа во 22 часот и 30 минути била погодена од куршум од огнено оружје што и нанел влезна рана во левата натколеница и скршеница на коската.

Како што инфомира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, повредената кажала дека во поосчениот период излегла од дома и се упатила кон куќата од нејзиниот брат во соседството кога слушнала истрел, почуствувала болка во ногата и паднала на земја. Со помош на нејзини соседи била пренесена на хирушкото одделение од тетовската клиничка болница каде по извршениот оперативен зафат при што било извадено зрното од ногата, била задржана на болничко лекување и се наоѓа вон животна опасност.

– По овластување на јавен обвинител, на местото од инцидентот увид извршила екипа на СВР Тетово. Се работи на утврдување на тоа кој, како и од каде пукал и како е повредена тетовката, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска