Тетовка нападната кога се обидела да помине улица

Од:

Во тетовската полиција 41-годишна жена пријавила дека била нападната кога се обидела да помине преку улица од непознато женско лице кое излегло од возило. Настанот се случил вчера на крстосниците на улиците „Илинденска“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово.

– Вчера во 15 часот, 41-годишната И.А. од тетовско Горно Седларце во СВР Тетово пријавила дека околу 17 часот на крстосницата на улиците „Илинденска“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово, физички била нападнала од непознато женско лице кое, по куса вербална расправија, излегло од возило „форд ка“ со тетовски регистарски ознаки и пред нејзините две малолетни деца се нафрлило на неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од СВР Тетово.

Од СВР Тетово информираат и за инцидент на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, околу 22 часот кога полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Е.А.(20) од Тетово. Тој одбивал да се легитимира, ги навредувал и физички ги нападнал полициските службеници.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес