Тетовец во расправија повреден со нож

Од:

М.С. (26) од Тетово е повреден со нож по расправијата со Ш.А. (24) од Глоѓи што се случи вчера попладне околу 18 часот на терасата на ресторанот Калабрија во селото Пршовце.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, М.С. на кој Ш.А. му нанел една убодна рана во градниот кош и три во грбот, веднаш бил префрлен во тетовската клиничка болница каде по укажаната помош е задржан и според проценките на лекарите се наоѓа вон животна опаснот.

Пресметката ја забележал сопственикот на објектот. Тој успеал да го спречи Ш.А. кој го фрлил ножот и избегал. При увидот се пронајдени нож и траги од крв што биле подигнати за вештачење, а нешто подоцна е пронјаден и приведен Ш.А. кој бил задржан во полицискта станица Тетово. Во текот на денот Ш.А. треба да биде изведен пред судија.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип