Тетовец остана и без пари и без возило

Од:

Во СВР Тетово, 43-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од Т.Н. од селото Гајре, тетовско, за сума од 4.300 евра.

Според пријавеното, тој пред три години од Германија донел возило „шевролет“ кое планирал да го царини и го паркирал во гаража во Тетово.

Како што е пријавено, по некое време му се јавило лицето и му понудило да го купи возилото, по што тој без нотарски договор му го дал возилото да го проба и од тогаш не бил во државата. Како што е пријавено, неговиот син неколку пати го барал Т.Н., но тој избегнувал каков било контакт со нив, ниту пак кажувал каде е возилото.

Полицијата тврди дека презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски